361
Го зголемивме буџетот за крводарителство со цел за негово унапредување. Оваа година, буџетот изнесува 40 милиони денари, што е за 15 милиони денари повеќе во однос на претходната година, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој вели дека програмата е реализирана во соработка со Црвениот крст, како значаен партнер, заедно со Институтот за трансфузиона медицина.
-Заеднички вложуваме во унапредување на условите за работа, во современа апаратура, како и едукација на високо квалификуваниот медицински кадар. Во 2020 година, реализирани се 21.301 дарување на крв, 157 дарувања на тромбоцити и 16 дарувања на конвалесцентна плазма. Со ова, обезбедивме крвна плазма за третман на 23 пациенти со Ковид-19, напиша Филипче.