110
ГОБ „8 Септември“ има посебно место во нашиот здравствен систем.
-Болницата постојано докажува дека има инфраструктурен капацитет, но пред сѐ одлични луѓе, лекари и експерти од многу области. Оваа установа врвно одговори на кризата со сообраќајната несреќа во Ласкарци, а од март, годинава, болницата презеде клучна улога и одговорност во лекувањето на пациентите со Ковид-19. На денешното обележување на десетгодишнината од именувањето на болницата и во пресрет на Денот на независноста, им порачав на вработените да бидат горди на својата работа, да бидат горди на иституцијата во којашто работат, а секогаш ќе ја имаат поддршката од Министерството за здравство и Владата, вели министерот за здравство Венко Филипче.