Филипче: Голема благодарност до семејството на починатиот донор, со тој чин спасивме 3 пациенти

од Nikola Popovski
326 прегледи

„Утрово се изврши четвртата трансплантација на срце. Во текот на вчерашниот ден кај една 44-годишна пациентка за жал беше константирана мозочна смрт и после разговорот со нејзиното семејство, се согласија да се донираат органите, како што се срцето, бубрезите и коскено ткиво. Сакам да изразам голема благодарност, со тој чин спасија 3 пациенти“, изјави денеска министерот за здравство , Венко Филипче.

Тој соопшти дека трансплантацијата на срце заврши успешно, а примателот е 55-годишен пациент, кој немал друга алтернатива и имал срцева слабост, со што само активна трансплантација бил единствениот спас.

„Тој е во одделот за интензивна нега и првите неколку часови се критични“, додаде Филипче.

Бубрезите беа трансплатирани кај пациенти на 23 и 30 години.

Во изминатите 24 часа стотина лекари, медицински сестри и болничари работеле заедно, а министерот за здравсртво Венко Филипче изјави дека тимот покажал „како беспрекорно функционира здравствениот систем.“

Правата трансплантација на срце во Македонија беше направена во мај 2020 година на државната Клиника за кардиохирургија, што беше оценето како огромен успех за македонското здравство.

Последната трета трансплантација на срце во земјава беше направена минатиот месец, додека втората беше извршена во април 2021 година.

Слични содржини