198
„Горд сум што ја менуваме комплетно сликата за јавното здравство“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
„Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи. Овозможивме поквалитетна здравствена услуга за пациентите, но и подобри услови за работа на здравствените работници. Со интензивна работа и многу труд продолжуваме и во следниот период да го зајакнуваме нашето здравство“, напиша Филипче.