331
Денеска Министерот за здравство Венко Филипче апелираше до граѓаните дека вакцините се единственото оружје против пандемијата со ковид-19. Тој исто така истакна дека интересот кај Армијата и полицијата е голем, но дека приоритетна група се оние кои се најизложени на вирусот.
„До сега не сме виделе дека има некаква силна анти-вакцинална кампања. Апелирам граѓаните да се свесни дека е ова единсрвеното оружје со кое ќе ја смениме сликата за пандемијата, не само кај нас, туку и во светот. Сите вакцини се безбедни, таму каде што има сомнежи, внимателни сме, чекаме соодветни препораки и мислења.” – изјаави Филипче