Филипче: Херојска е борбата на здравствените работници против коронавирусот

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Општата болница во Гостивар им честиташе на медицинските работници, им се заблагодари и укажа на тоа дека водат сметка за секој кој е вклучен во оваа битка.

– Навистина е херојска борбата и работата што ја вршите во целиот изминат период. Да се подготви и да се престрои системот за нешто за што никогаш ниту некој предвидел дека ќе се случи, ниту бил подготвен, ниту пак очекувал, а вие како и вашите колеги во сите други јавни здравствени установи тоа го направивте во исклучително краток временски период со помош таму каде е најпотребно, прераспределба на кадар за помош на докторите и сестрите кои работат на инфективното одделение и на интерното одделение пренаменето за третман на пациенти со Ковид-19 е навистина голема и херојска работа, изјави Филипче.

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска исто така им се заблагодари на здравствените работници за напорите што ги вложуваат за справување со пандемијата со Ковид-19, потенцирајќи дека тие се нашите секојдневни херои.

– Им велам на сестрите и на докторите и на целиот персонал дека вчера славевме херојството на фудбалерите и беше ден посветен на нив бидејќи се раздувавме заедно, но всушност наши секојдевни херои се тие, кои всушност секојдневно се борат со последиците од пандемијата и се нашите вистински и секојдневни херои така што им честитам, им се заблагодарувам на сите, а целиот нивни придонес. Честитки и за новиот оддел и се надевам дека граѓаните ќе бидат задоволни од услугата, рече Груби.

Слични содржини