Филипче: И СЗО вели дека процесите не треба да сопрат, туку да се одвиваат според протоколи

155 прегледи

Според СЗО, ниту еден процес и постапка не треба да запре, па оттаму, пописот може да се изведе и заврши по сите здравствени протоколи, истакна попладнево Министерот за здравство, Венко Филипче, откако во Собранието беше изгласан со 61 глас „за“ Законот за попис.

Филипче во рамки на конференцијата спроведена од „Рома Интеграцион Центрум“, потенцираше дека неговото министерство исто како и Комисијата за заразни болести, ќе стојат на располагање за секоја помош и едукација врзани за оваа статистичка операција.

„Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести сме на располагање на сите чинители кои ќе бидат вклучени во процесот на спроведување на пописот. Ќе дадеме свои укажувања, доколку е потребно може да имаме и мини едукација како тоа да биде организирано од институциите кои што ќе го водат тој процец“, посочи министерот Филипче.

Министерот, истакна пример во кој изборниот процес кој во делот на спроведувањето на здравствените протоколи помина без ниту една забелешка.

„Се ова ни дава право да кажеме и можеме да ве увериме дека процесот со пописот може да се изведе и да се заврши по сите здравствени протоколи“, вели Филипче.

Слични содржини