192
Имаме многу тешка година зад нас и верувам дека следната ќе биде многу подобра. Во вакви услови кога епидемијата сериозно спласнува и се стабилизира да не направиме таа да се влоши, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот апелираше за доследност од страна на граѓаните и почитување на мерките и препораките од здравствените власти со цел да се одржи опаѓачкиот тренд на болеста. Тој напомена дека од декември имало 890 хоспитализирани пациенти, денеска бројката е 629.
-Апелирам во следните две-три недели да сме крајно внимателни. Има позитивни придвижувања, ќе видиме дали е ова почеток на крајот на пандемијата и затоа да не ризикуваме уште еден посилен бран“, рече Филипче.