Филипче: Имунитетот којшто се развива како резултат на вакцинацијата е подолготраен

од Берта Китинска
350 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче појасни дека за да се постигне колективен имунитет потребно е да се вакцинирани 60 до 70 проценти од населението. Во пресметката не се внесуваат оние 150 илјади граѓани кои го прележале вирусот оти не се знае дали некои од тие се вакцинирани, ниту пак колкав е точно нивниот број.

– Докажано е дека имунитетот којшто се развива како резултат на вакцинацијата, е подолготраен. Не можеме точно да претпоставиме колкав е вкупниот број на луѓе што прележале заради тоа што има прилично голем број на луѓе коишто прележаа асимптоматски. Во однос на вкупниот број потврдени случаи близу 150 илјади, тој се движи помеѓу три и седум пати повеќе, што значи дека има една сериозна бројка, не само кај нас туку насекаде, коишто асимптоматски ја прележале болеста и веројатно развиле одреден степен на имунитет. Но, колективниот имунитет го сметаме само врз основа на луѓето коишто се вакцинирани, појасни Филипче.

Тој рече дека е можно индискиот сој да ја смени епидемиолошката слика, но, потенцира дека вакцинираните, коишто евентуално би заболеле од него, нема да има тежок облик на болеста.

Слични содржини