Филипче: Имунизацијата на населението ќе започне во текот на март

од Nikola Popovski
225 прегледи

„До крајот на март од компанијата Фајзер ќе пристигнат 20.00 вакцини, што е само мал дел од вкупните над 800.000 кои ги очекуваме во следните 3 квартали. Се надеваме дека Фајзер ќе го исполни ова, што го достави денес до нас“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче во гостување на МРТ.

Тој истакна дека имунизацијата на населението ќе започне во текот на месецов, а ревакцинацијата на здравствените работници ќе започне од 11-ти март.

„Во недела можно е да стигнат руските вакцини“, рече Филипче, кој потенцира дека нарачни се над 2 милиони вакцини од сите компании во кои се стапило во контакт.

Слични содржини