207
Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил соопшти дека до 17 часот вакцинирани се 199 здравствени работници.
-Попладнево бев во модуларната болница на инфективната клиника каде во тек е вакцинација на здравствени работници од првата фаза за имунизација. До 17 часот вакцинирани се 199 здравствени работници. Имунизацијата се одвива непречено на 10 минути, на 6 вакцинални позиции. Во тек е вакцинација на здравствените работници од Скопје и другите градови од државата, напиша Филипче.