Министерот за здравство Венко Филипче преку своето видео обраќање изјави дека пред нас има два избора за да се справиме со коронавирусот.
-Исправени сме пред два избора – да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се предуслов за нормализирање на состојбата или со непочитување на мерките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки. Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање, вели Филипче.
Исправени сме пред два избора – да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се…
Публикувахте от Венко Филипче в Четвъртък, 28 май 2020 г.