Филипче ја информирал хрватската амбасадорка дека „во СДСМ се враќа енергијата“

од Nikola Popovski
75 прегледи

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче информира дека на денешната средба со амбасадорката на Република Хрватска во земјава, Нивес Тигањ, имале отворен и конструктивен разговор за актуелните политички состојби во земјата и за нашата европска перспектива.

Филипче изразил загриженост за политиките на актуелната власт и нивното влијание врз напредокот на државата и евроинтеграцискиот процес. Соговорниците се согласиле дека иднината на граѓаните мора да биде над партиските интереси. Според лидерот на СДСМ, амбасадорката Тигањ нагласила дека граѓаните на Македонија заслужуваат да бидат дел од европското семејство.

-Ја информирав амбасадорката дека во СДСМ се враќа енергијата, партиските структури се консолидирани, а СДСМ останува на страната на граѓаните, стои во објавата на претседателот на СДСМ.

Слични содржини