Филипче: Кај дел од пациентите болеста брзо прогресира, ваква манифестација досега не е видена

од Берта Китинска
334 прегледи

Докторите прават се за пациентите, но дел  од нив не успеваат да се  спасат.Болниците се преоптеретени, како што досега никогаш не биле, со ситем на ротација се помага ангажирани се одделенија кои досега не биле ангажирани, изјави  денеска  министерот Венко Филипче при посетата на СЦ  „Борис Трајковски“.

– Колегите кажуваат дека до сега немале можност да видат ваква прогресивност на болеста. Има пациенти кои се  во многу тешка состојба. Покрај превземените мерки кај некои од пациентите  едноставно нема  ефект. И кај  млади луѓе за само  неколку часа прогресира болеста. И  покрај целиот терапевтски пристап да се спречи прогресивноста на болеста, понекогаш нема успех. Како ќе се набавуваат нови вакцини ќе се намалува старосната граница за вакцини, рече Филипче.

Од понеделник во „Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат по 3.000 лица. Ќе работат 25 медицински сестри и 5 доктори. Филипче најави дека за кратко време ќе се зголемува бројката и дневно ќе се вакцинираат по 7.000 граѓани.

Слични содржини