Дека постои план за понатамошно функционирање на здравствените институции во корелација со работниците, уште еднаш потврди министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој посочи уште еднаш дека има капацитет во болниците, и дека планот е направен за периодот кој следи, па така и мерките односно рестрикциите кои засега ги имаме, Филипче смета дека се доволни и ќе дадат свој резултат.
Освен во Струмица и Куманово, Филипче вели дека секаде има достапни кревети за оние кои ќе бидат хоспитализирани. Огромен е притисокот, но системот на ротација на кадарот обезбедува сигурност, за периодот кој ни претстои. Посочи и дека ги следат апелите за помош, но исто така потенцираше и дека не секоја приказна од тие е вистинита.
На новинарско прашање врзано за воведување на полициски час, министерот рече дека засега не се планира ваква мерка.
„Засега нема да има полициски час, односно доколку се почитува и новата мерка за забрана од групирање, нема да има потреба“, истакна Филипче.