Имав бројни средби со економските оператори кои се подготвени да соработуваат и да ја дистрибуираат вакцината за ковид.Во јануари ќе пристигнат и фрижидерите кои може да постигнат температура од -70 која е потреба за чување на вакцината, вели министерот за здравство Венко Филипче во вестите за Сител.
Во однос за тоа кој ќе ја прими прв вакцината за коивд и дали веќе тие кои ја прележале ќе имаат потреба да се вакцинираат министерот вели дека јасно се поставени насекаде алгоритмите за тоа кој ќе ја прими вакцината.
-Целта е да се вакцинира над 60 до 70 проценти од населението. Сега првпат ни се дава можност да искомуницираме за да добиеме можност за да се ја добиеме вакцината. Преку ЕУ во рамките на преговорите ние како земја која се уште не е членка својата доза ќе ја добие од Грција преку КОВАКС системот, вели Филипче.
Министерството за здравство, подготувало и кампања против лажните вести, а министерот Филипче најави дека ќе бараат и одговорност за тие кои шират лажни вести.