188
Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање потенцираше дека тој лично ќе го вакцинира своето дете против ковид 19.
-Да, се разбира и мислам дека тоа треба да се направи. Единствен начин да стигнеме до колективен имунитет е и децата да се вакцинираат.Има земји каде вакцинацијата на децата е задолжителна, односно нем да ги примат децата во училишта ако не се вакцинирани. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината. Но, јас да, ќе ги вакцинирам моите деца, изјави Филипче.