Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на пратеничко прашање на Димитар Апасиев од Левица, изјави дека преку Ковакс системот во Македонија ќе стигне и руската вакцина „Спутник“.
„Точно е дека рускиот амбасадор ја понуди вакцината „Спутник“, но во тој момент таа беше во третата фаза на клиничките испитувања, односно не беше во фаза со која се гарантира безбедноста. Сепак, понатаму ќе ја добиеме и неа“, рече Филипче.
Министерот на својот Фејсбук профил денеска објави и дека е постигнат договор со вакцината на Фајзер, која во февруари ќе пристигне во земјава.