Филипче: Кинеските вакцини ќе стигнат во средината на април

од Берта Китинска
557 прегледи

Вакцинирани се 2.500 лица во салата  Борис Трајковски каде што започна вчера масовната имунизација.

„Вчера се вакцинирани близу 2500 граѓани и продолжува оној систем на имунизација во сите здравствените домови ширум државата на возрасната категорија граѓани над 77 години. Како доаѓаат вакцините ќе се дополнуваат овие два системи, ќе се намалува возрасната граници. Возрасните граѓани ќе бидат повикувани преку матичните лекари, а преку системот на закажување и пријавување во институциите ќе се зголемува и бројот на граѓани кои ќе се вакцинираат во салата „Борис Трајковски“.

Тој изјави дека оптималниот број кој сакат властите да го постигнат е да има околу 7000 вакцинирани граѓани на ден. Воедно министерот најави дека кон средината на овој месец стигнуваат и дополнителни количини на вакцини.

„Имаме најави дека кон средината на овој месец ќе стигна кинеските вакцини и Фајзер“.

Слични содржини