Филипче: Клиничкиот центар беше локација со најголем неред, но денес веќе не е така

од Берта Китинска
270 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче, преку својот Фејсбук информира дека поминато е една година откако е инфраструктурно уреден Клиничкиот ценатр  и дека е задоволен од резултатот.

-Помина една година откако започнавме инфраструктурно да го уредуваме Клинички центар и навистина сум пресреќен со резултатот. Со децении наназад Клиничкиот центар беше вбројуван меѓу локациите со најголем неред, но денес веќе не е така. Погледнете како беше и како е денеска. Ова се сите работи кои ги направивме:

√ Решен е проблемот со влезовите и излезите од комплексот, кон градските улици;

√ Отворен е нов директен влез до Клиниката за инфективни болести;

√ Реконструирана и рехабилитирана е постоечката улична мрежа;

√ Проширена е главна капија и отворена е нова лента за возилата на Брза помош со директен влез до Ургентниот центар

√ Поставена е вертикална и хоризонтална сигнализација за правилно насочување на сообраќајот;

√ Обележани се пешачките зони;

√ Создадени се услови за движење на итната медицинска помош и амбулантните возила, инвалидизираните лица и лицата кои користат помагала, како и услови за движење со болнички помагала (кревети) и болни лица низ комплексот;

√ Внатрешно се реновирани повеќе Клиники а зградата на Интерни клиники после долги години за прв пат доби нов лик и целосно е реновирана, напиша Филипче.

Posted by Венко Филипче on Monday, 22 March 2021

Слични содржини