Филипче: Кон крајот на неделата почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Теренот на кој ќе биде поставена ковид модуларната болница во Гевгелија е подготвен. Кон крајот на неделава се очекува да почне изведбата на болницата. Целосно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата, довод, одвод до канализациска мрежа, подземен кабел за струја, соопшти Министерството за здравство.

“Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија, целосно е завршена подготовката на теренот. Ковид центарот ќе биде со површина од 400 квадратни метри со посебен влез за персоналот. Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за RTG и EHO преглед на пациенти и одредување на терапија. Во последниот сегмент ќе има соба за изолација и стационар за хоспитален третман до максимум 15 пациенти“, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Слични содржини