Филипче кон Мицкоски: Пред изборите Борисов го нарекувавте криминалец, а сега го фалите како партнер за нашите европски интеграции

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Во своето обраќање на собраниската седница за пратенички прашања, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го обвини премиерот Христијан Мицкоски за политичко лицемерие и популизам.

Филипче потсети дека Мицкоски се противел на Преспанскиот договор а сега вели дека тој е ремек дело, а се осврна и на односите со Бугарија.

„Истото лицемерие го видовме и со вашиот однос кон бугарските политичари. Пред изборите, Борисов го нарекувавте криминалец, човек што спие на злато. Сега веднаш побрзавте да му честитате за победата и да го фалите како „партнер“ за нашите европски аспирации. Она што до вчера беше обвинување, сега е честитка и „пријателски разговор“. Вие, господине Мицкоски, го редефиниравте политичкото лицемерие и популизмот. Вашиот ’рбет се свитка, а вашите принципи паднаа“ порача Филипче.

Филипче во првото прашање го праша Мицкоски кој е неговиот конкретен план за одглавување на евроинтегративниот процес, но од страна на премиерот не доби конкретен одговор.

Слични содржини