191
„Во изминатите 5-6 дена факторот на пренесување е под единица и се надевам дека така и ќе остане и во следниот период и врз основа на тоа ќе видиме и намалување на бројот на пациенти“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој предупреди дека бројот на заразени повторно може да се зголеми во есенските месеци.
“Во есенските месеци, луѓето ќе почнат повеќе од времето да го минуваат во затворено, школите ќе почнат со работа и тоа се сериозни ризик фактори, и тоа може да биде многу посериозен предизвик за нашиот здравствен систем од сега“, рече Филипче.