Филипче: Лицата кои имаат имунитет и заболуваат од индискиот сој имаат лесна форма на болеста

од Берта Китинска
187 прегледи

Министерто за здравство Венко Филипче информираше дека состојбата на двајцата пациенти заболени од индискиот сој е добра, објаснуваќи дека сè уште во светот нема точни и прецизни информации како може да влијае индискиот сој, но се покажало дека 95 отсто од вакцинираните, кои се заразиле од него, имале лесна клиничка слика.

– Тие кои имаат имунитет и заболуваат од овој сој на вирусот, имаа лесна форма на болеста. Во таа смисла, нема потреба од некакви рестриктивни мерки, но будно ја следиме состојбата, вели Филипче.

Слични содржини