Лицата со попреченост се гласот и водичот на институциите, ни кажуваат каде е проблемот и на кој начин да го решиме. Во изминатиот период, заеднички со граѓанските организации вложивме многу во грижата за овие лица, пишува на својот ФБ профил министерот за здравство, Венко Филипче.
* Сите ковид центри ќе имаат физички пристап со количка, а во неколку здравствени установи го олеснивме пристапот за овие лица;
* Го зголемивме пристапот кон ортопедски помагала, воведовме лесни и ултра лесни колички;
* За првпат, воведовме рефундација за надстандардното ортопедско помагало;
* Го воведовме лекот Спинраза, за најмалите деца кои имаат физичка попреченост како резултат на болеста;
* Обезбедивме повеќе сензорни соби, посебно за децата со попреченост во интелектуалниот развој;
* Во припрема е Измената на Законот за здравствено осигурување кадешто се првпат услугите кон лицата со попречености ќе бидат третирани и плаќани како здравствени услуги, вели Филипче.