Филипче: Мајката и синот од Велес починале во март

од Берта Китинска
291 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната редовна прес-конференција информираше за најновите податоци со коронавирусот во земјава.

Заврши увидот на Институтот за судска медицина за лицата од Велес. Според сите анализи констатитано е дека смртта настапила од пред 3 до 5 недели од пронаоѓање на телата.

-Мајката и синот кои беа пронајдени починати во нивниот дом во Велес починале три до пет недели пред да бидат пронајдени, покажале резултатите од увидот на Институтот за судска медицина.Според податоците  тие починале во март, а не во јануари како што беа првичните индиции, изјави министерот за здравство.

Слични содржини