Состојбата апсолутно излегува од контрола. За неколку дена изгореа две фабрики, две недели власта не може да ги изгасне депониите Дрисла и Вардариште. Скопјани се трујат во канцерогени материи, соопшти првиот човек на СДСМ, Венко Филипче.
„Сега гори и складиште за акумулатори и батерии во Трубарево. Државата наместо горда, стана држава во хаос. Наместо твоја, Македонија изгоре.
Мора да се стави крај на оваа неодговорност, башибозук и некадарност. Македонија веќе е опасно место за живеење“, додаде тој.