Фотографијата која вчера беше објавена каде медицинска сестра вакцинира повозрасно лице кое седи на трактор предизивика бура од рекации на социјалните мрежи. Министерто за здравство Венко Филипче на својот профил на Твитер ја објасни позадината на целата случка.
-Фотографијата на која медицинска сестра вакцинира повозрасно лице кое седи на трактор покрена дебата на социјалните мрежи, па сметам дека е добро јавноста да ја знае позадината на целата случка. Станува збор за брачен пар кој живее во планинските колиби, место над село Ратево, Беровско. Местото е тешко пристапно, а лицата кои се вакцинираат на сликите воопшто не побарале асистенција или превоз од локалниот Здравствен дом во Берово. Тие одлучиле самите да дојдат на вакцинација до пунктот и се појавиле на местото. На пунктот имало санитетско возило со фрижидер за теренска вакцинација и биле вакцинирани целосно безбедно, спротивно на тоа што сака да се прикаже во јавноста. Повозрасната жена бидејќи не била во можност да се симне од тракторот, за да не се малтретира, медицинската сестра се качила на приколката за да ја вакцинира. Јас сметам дека тоа е гест за поздравување, а не за осуда, пишува Филипче.
Фотографијата на која медицинска сестра вакцинира повозрасно лице кое седи на трактор покрена дебата на социјалните мрежи, па сметам дека е добро јавноста да ја знае позадината на целата случка.
— Венко Филипче (@VFilipche) July 14, 2021