Министерот за здравство Венко Филипче на својот Твитер профил сподели информација дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина.
-Меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство. Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР кој веќе постапува за овој случај, напиша Филипче.
Воедно и министерството за здравство информираше дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство.
Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е: [email protected].
„Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација. Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество“, велат од министерството.
Дел од граѓаните споделија на социјалните мрежи дека кај нив има пристигнато ваков е-маил.
https://www.facebook.com/bilievski/posts/2890869677633472