„Не сметам дека набавката на вакцини треба да биде политичка и геополитичка состојба, ова е прашање на јавно здравје“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче за „Политико“.
Според него, сите се соочуваме со предизвици со пристапот до вакцинација.
„Земјите во ЕУ се соочуваат со свои предизвици. Механизмот на европската солидарност доцни, но тој ќе се реализира“, рекол Филипче.
Според „Политико“, епидемиолозите се повеќе критични.
„Дури и пред одобрувањето на вакцините од [Европската агенција за лекови] целото нивно производство е однапред купено и ние останавме да чекаме за некои подобри времиња“, изјавил за Политико, епидемиологот Драган Даниловски.
„Како во примерот со Титаник, кога чамците за спасување беа окупирани први од богатите патници, сиромашните се удавија. Овој пат ја имаме истата психолошка матрица во дело. Во критични моменти, секој се стреми прво да се обезбеди за себе“, додал тој, изразувајќи сомнеж дали пратките Ковакс системот ќе пристигнат според планираното.