Филипче: Мерките ги носиме за да спасиме животи

од Берта Китинска
430 прегледи

Коронавирусот е вистинска опасност, секој од нас носи огромна одговорност во оваа битка. Искрено се надевам дека свеста се буди кај сите граѓани, бидејќи без вас не можеме да победиме, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Мерките, посочува тој, мора да се почитуваат, ги носиме за заштита на јавното здравје, за да спасиме животи.

– Седете дома, заштите се себеси, заштитете ги најблиските, истакнува Филипче.

Слични содржини