Потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на трибината „Млади за вакцинација“ во организација на СДММ се заблагодари на беспоштедната борба против коронавирусот на целиот здравствен персонал и ги повика младите да се вакцинираат но и да дадат свој придонес во мобилизирање на граѓаните да се вакцинираат што помасовно.
– Со силна кампања за вакцинација ние успеавме таа епидемија да ја сузбиеме за само шест месеци. Нема поголем показател за тоа колку вреди вакцината, од разликата со минатата година кога се соочивме со болест за која нема вакцина. Сега имаме неколку типови на вакцини кои имаат одличен процент на ефикаснот. Сега ние како општество треба покажеме дека сме подготвени преку таква масовна вакцинација да го видиме ефектот и ефикасноста на вакцините. Ние може да дискутираме на бројни теми, но здравјето не најважно, без здравје нема ништо. Затоа апелирам до сите од вас да се вакцинирате, сите млади со своите интензивни контакти и канали на комуникација, да го поддржат овој процес на вакцинација, да го поддржат здравствениот систем, да не дозволиме нов силен бран на коронавирусот, изјави Филипче.