Филипче: Можеби коронавирусот нѐ спречи да одиме во кино со Јане, но денеска после 4 месеци конечно се видовме!

од Берта Китинска
336 прегледи

Можеби коронавирусот нѐ спречи да одиме во кино со Јане, но денеска после 4 месеци конечно се видовме!, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека секоја дружба со него е вредна!

„Горд сум кога гледам дека и тој е среќен. Минатата година, нашиот Јане почна да го прима лекот Спинраза. За првпат овој лек го воведовме во нашата земја. Тој и уште 6 дечиња ја примаат потребната терапија. Го даваме својот максимум за грижа за пациентите со ретки болести. За две ипол години воведовме 7 нови лекови за да им овоможиме подобар начин на живот. И во услови на ковид-19, оваа група на пациенти се обезбедени со потребните лекови. Двајцата се договоривме продолжуваме да ги почитуваме мерките за заштита, а веднаш потоа и ќе го реализираме планот кој заеднички го договоривме – одиме во кино!“, напиша Филипче.

Слични содржини