На крајот на оваа година, сакам да му изразам посебна благодараност на проф. д-р Драган Данаиловски за целиот придонес во Ковид кризата.
Тој исклучително стручно и конструктивно настапуваше во медиумите со што значително придонесе во информативната кампања, сподели министерот за здравство Венко Филипче.
„Покрај ова, неговите совети до мене и целиот тим во однос на менаџментот и проекциите за развојот на пандемијата беа од големо значење. Денеска на средбата со професор Данаиловски договоривме да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицински факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството.
Во новата година му посакав добро здравје и успех. Верувам дека и понатаму ќе ја продолжиме соработката“,додаде тој.