432
„На митинзите добро е граѓаните да носат маски. Без разлика на тоа што нема официјална препорака. Јас ќе препорачам до сите партии, иако нема протоколи на отворен простор. Мора да го сочуваме здравјето на граѓаните“, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче вели дека на некои од собирите се барале сертификати, дека имало и почитување на протоколите, но тој и се согласи дека забелешките од новинарите се издржани.