Филипче: На овие избори се одлучува како ќе продолжи Македонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче од Росоман порача дека овие локални избори не се обични избори туку на нив се одлучува и како ќе продолжи Македонија понатаму.

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче од Росоман порача дека овие локални избори не се обични избори туку на нив се одлучува и како ќе продолжи Македонија понатаму.

Борбата што ја води СДСМ е борба за Македонија, нашиот дом, но и секој човек, секој земјоделец, за секој работник, за младите.

„Се бориме за земја што ќе го вреднува трудот. Се бориме за фер цена, за навремена исплата, за сигурен откуп. Се бориме за работниците, за минимална плата над 500 евра, за држава во која секој ќе може да живее достоинствено од она што го создава. Се бориме за младите да не се иселуваат, тука да ја гледаат својата иднина.“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ повика на масовна излезност на изборите на 19 октомври и побара поддршка за кандидатите на СДСМ и коалицијата.

„Ве повикувам, заедно, обединети, сложни, на 19 октомври, сите да ја покажеме нашата сила. Да го заокружиме бројот 5, бројот на чесната политика, бројот на трудот и на вистинската грижа. Да покажеме дека Македонија може да биде дом на достоинството и почит.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Слични содржини