Филипче: На овие локални избори настапуваме со чист образ

од Берта Китинска
301 прегледи

На овие локални избори настапуваме со чист образ. Работевме посветено и одговорно, информирана својот Фејбук профил, министерот за здравство Венко Филипче.

-Со мудра политика ја одглавивме државата и градиме иднина, не за неколку луѓе во земјава туку за сите. Повеќе нема режим, има видливи резултати: живееме во демократија, уживаме светска безбедност, се лечиме во реновирани болници, ги зголемивме платите на здравствените работници, а младите специјализанти се сега со платен стаж. Пандемијата покажа дека здравствениот систем е еден од столбовите на оваа држава. Верувам дека радовишани ќе го изберат Најдоброто! На 17 октомври, ќе имаат лесна работа, ќе го дадат својот глас за Никола Чаракчиев, човек со знаење и интегритет, човек кој за Радовиш ќе обезбеди сигурна иднина!, вели Филипче.

Слични содржини