343
Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил пишува дека на сите ни недостасува физичкиот контакт, но мора заеднички да издржиме уште малку додека трае пандемијата.
-Одржувањето на физичка дистанца е најсигурниот начин за заштита од коронавирусот, но истовремено и најтешкиот. На сите ни фали физичкиот контакт и гушкањето со пријателите и блиските, но мора да издржиме уште малку. Сепак ова не значи дека треба да се одалечиме, напротив потребно уште повеќе да се слушаме, да разговараме и да одржуваме комуникација со блиските. Ви благодарам на сите што ги почитувате мерките, пишува Филипче.