Филипче на состанок со Комисијата за заразни болести – можно е воведување на рестрикивни мерки

од Берта Китинска
266 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека денеска во 13 часот, министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи.

Фото: Борче Поповски

Целта на состанокот, како што се посочува, е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот.

На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки. Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата и Кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување, стои во соопштението.

Иако беше најавено за утре, можно е и денеска да се знае дали ќе има заострени мерки за време на викендот и дали ќе бидат затворени неколку општини каде има најмногу заболени.

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19.

Слични содржини