Подготвена е инфраструктурата за чување и дистрибуција на вакцината против Ковид 19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
-Денеска посетив дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината за Ковид 19. Станува збор за дистрибутери кои веќе работат на оваа поле односно вклучени се во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини од имуниолошкиот календар на Министерството за здравство. Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до -20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините. Дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до-70 степени целзиусови, вели Филипче.