Филипче: На утрешната владина седница ќе ги прецизираме предлозите за нови здравствени мерки

од desk4
169 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека мерките кои биле тема на на денешниот состанокот на Кризниот штаб,  како што се ПЦР тест за влез и излез од земјава  ќе се прецизираат на утрешната владина седница.  Според филипле таквите мерки  нема да се спроведат утре или задутре, бидејќи била земена во предвид моменталната ситуација кога многу макеоднски граѓани  летуваат надвор од државата и кои треба да се вратат. Тој порачува дека владата ќе биде флексибилни бидејќи  не сакаме дополнтелен финансиски трошок за граѓаните. Филипче најави дека во еден разумен роко од десеттина дена ќе биде донесена конечната одлука.

-На секое влегување и излегување од земјата како услов за нашите и странски граѓани ќе биде потребно да приложат доказ дека се вакцинирани или ПЦР тест не постар од 72 часа или доказ дека ја прележале болеста односно 45 дена. Мерката не важи за децата ќе бидат ослободени, потврдата за вакцинација е насочена кон полнолетните граѓани. Потребата за вакцинација е насочена на лица над 18 години. ПЦР тестот ќе важи 72 часа, а во одност на сертификатот за прележана болест како што е критериумот 45 дена. ПЦР тест ќе се бара за излез од државата бидејќи со тоа ќе покажеме дека водиме сметка и за останатите земји. Мерките вродија со плод и се зголеми бројот на вакцинирани, рече Филипче.
Филипче посочи дека до сега немаше затегнување на меркте бидејќи во државата имало мирана епидемилшка сиутација и поради.
-Имаше земји кои имаа такви критериуми па пак имаше вирус. Сега ситуацијата е поинаква и затоа интервенираме. Констатиравме и прекршување на здравствените мерки – прославите, затоа се и мерките за прележан вирус барем со една доза на вакцина се доказ доказ дека нема да се шири вирусот, рече Филипче.
Министерот за здравство рече дека има научни студии кои укажуваат дека подолготраен е имунитетот со вакцинација и ревакцинација отколу само со прележување.
-Сакаме да ги заштитиме граѓаните, точно е дека е можно да имаат антитела, веројатно е дека ќе имаат и 30 и 45 дена по прележувањето, но колективниот имунитет се стекнува со вакцинација и е докажано со научни студии дека е потраен од имунитетот кој се стекнува со прележување на болеста. Препорачана е вакцинација, секаде има протоколи, трансмисија на вирусот има таму каде што не се почитуваат протоколи, а протоколите се димензионирани така што да го штитат здравјето, рече Филипче.