Надминавме 1 милион аплицирани дози вакцини. Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани, напиша на својот Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
-Вакцинацијата на пунктовите се одвива непречено и со зголемен интерес, а новоотворените пунктови ја дисперзираа зголемената работа на медицинските лица во поликлиниките и го смали редот на чекање за граѓаните. Вакцини има доволно од сите производители, а на неделно ниво со нови пратки истите се надополнуваат. Сите вакцини се безбедни и само со вакцинација на населението ќе го сочуваме колективното здравје. Ова е единствениот начин да почнеме повторно да живееме безгрижно и без ограничувања. Ве повикувам сите да издвоите еден час од вашето време во денот и да се вакцинирате во најблискиот пункт до вашето место на живеење, напиша Филипче.