Филипче најави детална анализа за високата смртноста од коронавирусот во земјава

од Берта Китинска
142 прегледи

Минситерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека ќе се прави анализата за  високата смртност од коронавирус во Македонија.

-Една подетална, која што ќе ја анализира здравствената состојба на пациентите. 73 пациенти кои починале имале најмалку 2 хронични болести. Ова бара детална анализа. Здравствената состојба, пристапот во редовноста во земањето терапија, начинот на лекување, колку често се јавувале на прегледи. Тоа е една важна анализа,рече Филипче.

Слични содржини