178
-Доколку утрешната бројка е повторно помала вклучувајќи ја и денешната, ќе биде препорачано отворање на институциите постепено, авто школите ќе бидат први кои ќе ги организираат обуките, ова ќе биде разговарано на утрешниот состанок, изјави Филипче.
Во врска со организирањето на спортски настани министерот објасни дека прво дозовола за враќање ќе добијат индивидуалните спортови.
-Најпрво се размислува за индивидуалните спортови да се дозволат, но, дозволете да ве информирам утре кога за овие работи ќе се разговара на Комисијата за заразни болести и потоа на Кризниот штаб на Владата, рече Филипче.