Филипче најави отворање на два дополнителни пункта за имунизација во Велес и Прилеп

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Владата денеска донесе Одлука за престанување на важноста на мерката со која сите домашни и странски физички лица – патници од земјите од Африканскиот континент и Федеративната Република Бразил, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително да се упатуваат во 14-дневна изолација (карантин) односно оваа мерка да продолжи да се применува само за странски физички лица – патници од Република Индија.

На седницата, министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во однос на епидемијата од КОВИД-19, бројот на дијагностицирани и хоспитализирани лица е намален и следствено на тоа се затворени дел од Ковид-центрите. Филипче во однос на постапката за масовна вакцинација на населението, информираше дека процесот на набавка на вакцини и вакцинација на населението се одвива добро, најавувајќи отворање на два дополнителни пункта за имунизација во Велес и Прилеп.

Слични содржини