Министерот за здравство Венко Филипче упатува апел на доследно почитување на мерките за заштита од коронавирус од страна на целото население.
-Најсилното оружје против коронавирусот е секој од нас – нашата совест и нашата одговорност. Најефикасниот штит се трите правила кои мора доследно да ги почитуваме – држење растојание, носење заштитна опрема и одржување хигиена. Единствен друг начин на заштита од вирусот се рестрикциите во движењето, кон што знам дека никој не сака да се врати. Затоа да почитуваме. Јас верувам во нашите граѓани, во секој од вас. Заедно да се бориме – да се чуваме себе и нашите блиски. Да ја сфатиме сериозноста на овој непредвидлив вирус и да го заштитиме јавното здравје. Да им помогнеме на здравствените работници и здравствениот систем кој е сериозно преоптоварен, вели Филипче.