Филипче: Наместо апатија да избереме мобилизација!

од Vladimir Zorba
270 прегледи

„Сега е време кога СДСМ треба да покаже единство и да покаже дека срцето на оваа партија чука силно, а тоа срце е секој од вас.“

Ова го истакна д-р Венко Филипче во својот говор на централниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Струмица кој се одржа синоќа. Тој ги повика струмичани и сите социјалдемократи да излезат на 8 мај и дадат поддршка за СДСМ, бидејќи ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ.

„Ве повикувам да не се предаваме на апатијата, да избереме мобилизација. Сите кои сте разочарани, сте останале дома, сте решиле на некој начин да изразите револт, во ред е. Но, казната и на парламентарни избори би значела удар за самите вас, не само за партијата. Ќе значи заслабување на партијата која ве уверувам дека ќе се врати многу брзо на правилниот колосек. Но за тоа, е потребна вашата поддршка“, рече Филипче.

Слични содржини