Филипче: Напад или посегнување по животот на лекар или здравствен работник ќе се смета како напад врз службено лице

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Напад или посегнување по животот на лекар или здравствен работник, за првпат, ќе се смета како напад врз службено лице, сподели министерот за здравство, Венко Филипче.

„Присилба, загрозување на сигурност на лекари и здравствени работници ќе станат посебни кривични дела, кои ќе бидат внесени во измените на Кривичниот закон. Во истиот закон како кривично дело ќе се внесе и спречување на лекарите и здравствените работници во вршење службено дејствие.

На овие законски измени неколку месеци работевме заедно со Лекарската комора и Министерството за правда. Лекарите и здравствените работници ја вршат најхуманата работа на светот и секој од нас треба да биде свесен за улогата која ја имаат.

Понекогаш во нивната работа постојат предизвици кои не се во нивни домен и не можат да ги надминат, но тоа не значи дека треба животот да им биде доведен во ризик. Почитувањето меѓу лекарите, здравствените работници и пациентите е взаемно“, додава тој.

Слични содржини