„Со најавените санкции на Бајден се битни неколку моменти, а еден од нив е дека тоа што САД го споменува регионот, односно дека ние сме во фокусот на САД и нивната надворешна политика“, вели министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче, коментирајќи ја извршнат наредба на американскиот претседател Џо Бајден.
Според него, тоа е еден процес којшто очигледно континуирано го продолжува нашето стратешко партнерство.
„Нашите односи со САД потекнуваат од независноста и тие многу ни помогнаа во справувањето со ковид-кризата. Пораката на САД е кон оние политички фигури кои што се ретроградни, кои активно или пасивно ги поткопуваат евроинтеграциите“, додава Филипче, во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Во врска со Извршната наредба на Бајден за санкции кон лица од Западен Балкан, американската администрација планира да воведе санкции и замрзнување на имот во САД на сите оние политичари кои не го почитуваат Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор.