352
„Во 2020 бележиме значителен пад на смртност кај новороденчиња лекувани на интензивна нега и терапија“, објави министерот Венко Филипче.
Во разговор со директорката на клиниката д-р Викторија Јовановска и началничката на одделението д-р Рената Димитриоска, министерот беше информиран дека во извештајот за 2020 се бележи значителен пад на смртност кај новороденчиња, лекувани на одделението за интензивна нега и терапија.
„Ова се должи на вложувањата кои ги направивме во опрема, едукација и проширување на стручните тимови на одделението. Нашата земја, исто така е рангирана меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на смртност кај новороденчиња. Продолжуваме и натаму со вистинска грижа за нашите најмали“, истакна министерот.